Веќе нема дилеми. Луис Хамилтон, седумкратниот некогашен светски првак во Формула 1 во сезоната 2025 ќе вози за Ферари. Речиси да е се готово, остануваат само да се решат формалностите. Се чека на шефот на Мерцедес, Тото Волф официјално да објави.
Инаку медиумите во Англија и Италија веќе објавија дека Хамилтон како возач на Ферари ќе заработува неверојатни 70 милиони евра по сезона.
Ова секако дека ќе го направи најскапо платен возач во Формула 1.