Срамно: Ова е речникот на Даниел Димевски, ова е мејлот кој тој го праќа до Иницијативниот одбор за негова смена!

2344
Даниел Димевски

Да се чудиш! Не знаеш дали да се смееш или да плачеш! Каков ли само човек бил претседател на МОК досега? Секако, досега.

Се разбира дека тука мислиме на Даниел Димевски, сеуште првиот човек на МОК.

Кога ќе прочитате со каков речник им се обраќа на луѓето од Иницијативниот одбор за промени во МОК, просто да ти се згади што се вели.

Срамно.

Тој употребува и зборови како НЕПИСМЕНИ или НЕПИСМЕН!

Замислете…

Почитувани,

Овој меил сте го адресирале на мене и испратиле на мојот приватен меил и во тоа својство како Даниел Димевски ќе Ви одговорам. Редовна пракса на ИОК сите свои официјални ставови да ги доставува до Меѓународните спортски федерации од кои бара да ги почитуваат и спроведат. Така било, е и ќе биде и понатаму, чинело некому или не. Игнорирањето или уште полошо, непочитувањето на ставот и насоките на ИОКе опасемн ризикза секој еден член на било која признаена спортска организација.

Се потпишувате како иницијативен одбор и креирате адхок меил адреси без име на сопственикот само да се сокриете зошто знаете дека за ова силување на членовите и системот некој ќе одговараа на крајот.

Трагично е да зборувате за притисок на луѓево адресирани во меилов кога душа им земавте од малтретирање.

На крај седнете малце прочитајте актите на МОК, што и како може и треба. Корисно е да се описмените.

И не се пишува Инициативен туку Иницијативен одбор.

НЕПИСМЕН!!!

Спортски поздрав,

Се гледаме на 8 ми февруари

Даниел Димевски“

No description available.

И што да се каже по се ова? Прочитајте убаво и ќе видите дали ова лице е писмено или…како што тој се фали дека е.

И сосема за крај. Собранието на МОК е закажано за 6 февруари. Колку да знае Димевски.

ПретходноСкандал во Евролига: Ја фрли топката кон судијата и му влезе во лице (ВИДЕО)
СледноПред два дена се договори со Барселона, а сега потпишува за Тотенхем