„Силувач“, Белингам му дофрли на Гринвуд и предизвика скандал (ВИДЕО)

3024

Во центарот на вниманието на шпанските и англиските медиуми и социјалните мрежи се најде вербалната пресметка меѓу младите англиски ѕвезди на шпанските клубови на натпреварот Гетафе – Реал. Џуд Белингем (20), најдобриот играч и стрелец на Реал, по дуелот со Мејсон Гринвуд (22) му дофрли „силувач“.

Камерата го фати Белингем во тој момент и не треба да сте овластен читач на усни за да го видите очигледното, а тоа е дека играчот на Реал го фрли споменатиот збор кон противникот. Поточно, етикета, обвинението. Гетафе побара од официјалните лица на натпреварот да го вклучат видеото да влезе во извештајот од Ла Лига за да може да се преземе акција против него.

 

Гринвуд до пред две години беше една од најголемите млади ѕвезди на англискиот фудбал. Детето на Манчестер Јунајтед, кое се проби во првиот тим и беше предодредено и промовирано како еден од темелите на новиот Јунајтед, му се случи пресвртница. Неговата девојка и мајка на нивното дете, преку социјалните мрежи го обвини дека е насилен кон неа, дека ја тепал и ја терал на секс. Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување, физички напад и „контролирано однесување“.

Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување и физички напад. Но, до судење не дојде откако сите клучни сведоци се откажаа од сведочење па се претпоставува дека Гринвуд се договорил со жртвата. Сепак, и покрај ослободувањето од обвиненијата, изминатото лето Манчестер јунајтед го избриша од својот тим, по што се пресели во Гетафе.

ПретходноМеч на кариерата за Макси, кошмар за Џоел Ембид (ВИДЕО)
СледноРЕКОРДЕН СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ: Играч на ВЛТ освои фантастични 20.768.497 ДЕНАРИ