Некогашниот германски репрезентативец, дефанзивецот Џером Боатенг се пресели во италијанската Серија А во дресот на „фенерџијата“, Салернитана.
35-годишниот дефанзивец како слободен играч доаѓа во Италија, откако последен пат играше за француски Лион, но си замина минатото лето. Оттогаш искусниот фудбалер е без договор, а формата ја одржуваше со тренинзи во вториот тим на Баерн Минхен.
Договорот на Боатенг со Салернитана е до крајот на сезоната.










