Катар и Иран се полуфиналисти на Купот на Азија

92

Репрезентациите на Катар и на Иран се пласираа во полуфиналето на Купот на Азија по денешните победи. Иран со 2:1 ја елиминира Јапонија, додека Катар го совлада Узбекистан по подобро изведување на пеналите откако во регуларните дел и по продолженијата беше 1:1.
Па така познати се полуфиналните средби. Во првото полуфинале на 6 февруари во Ал Рајан ќе играат Јордан и Јужна Кореја, додека ден подоцна во Доха ќе се сретнат Иран и Катар.
Да потсетиме дека турнирот се игра во Катар. Финалето е закажано за 10 февруари во Лусаил.

ПретходноЛе Паризиен: Мбапе е нов играч на Реал Мадрид!
СледноРаботнички е во налет, преку „црвено-црните“ до шеста победа во низа (ФОТО)