Ла Лига ангажираше професионалец кој ќе одлучи за казната за Белингем!

1470

Натпреварот помеѓу Гетафе и Реал Мадрид помина со скандал, а во центарот на вниманието беа Џуд Белингем и Мејсон Гринвуд.

Белингем беше фатен на камера како Гринвуд во еден момент го нарекува „силувач“, поради што може да биде казнет.

Ла Лига објави дека ќе ангажира професионален читач на усни за со сигурност да ги потврди зборовите на Џуд Белингем.

Различни извори пренесуваат различни информации за потенцијалната казна за Англичанецот доколку се покаже дека тој својот сонародник навистина го нарекол „силувач“.

Извесно е дека одлуката нема да биде донесена пред мадридското дерби во недела на „Сантијаго Бернабеу“, но останува да се види дали Белингем ќе биде казнет на почетокот на следната недела и за колку.

Да потсетиме дека Гринвуд беше обвинет за силување на поранешната партнерка, но судот подоцна ги отфрли сите обвиненија против него.

Гринвуд сепак ја напушти Англија поради огромниот притисок од јавноста, па е на позајмица во Гетафе.

ПретходноСузука останува во календарот на Формула 1
СледноЧави жестоко ги нападна судиите и Реал: Мислат дека сме глупави!