Екипата на Милан го совлада Фросиноне со 3:2 во интересен меч од 23.коло на Серија А. „Росонерите“ кои гостуваа имаа многу проблеми против домаќинот кој имаше предност од 2:1.
Прво Жиро го доведе Милан во предност во 17 минута, а изедначи Суле од пенал.
Во 65 минута Мацители го донесе Фросиноне во предност. Тоа беше знак за Милан да тргна поофанзивно и порешително. Притисокот им се исплатеше затоа што стигнаа до победата.
Прво Габија на асистенција на Жиру го изедначи резултатот, а потоа Лука Јовиќ кој се најде на вистинското место по грешка на двајца дефанзивци на домашниот тим ја донесе победата од 3:2.
AC Milan take the lead again with Luka Jovićpic.twitter.com/FIMRU1qxtI
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 3, 2024