Трет меч и прва победа на Вардар на подготовките во Анталија. Ова беше и прв триумф на новиот стратег на вардарци Горазд Михаилов. Нашиот најтрофеен клуб денеска славеше против составот на Металург Бекабад од Узбекистан со 2:0. Стрелци на головите беа Ристовски во 16. и Лемос во 43.минута.
Силекс кој настапи во комбиниран состав, шанса добија оние играчи кои досега немаа поголема минутажа, денеска во Охри одигра 2:2 против тимот на Поградец, второлигаш од Албанија. Кратовци со головите на Масевски и Манасиевски имаа водство од 2:0, но сепак на крајот не успеаја да слават победа.
Воска на својата втора контрола во Ц. Гора, одигра 2:2 против тимот на Рудар Плевља. Срелци на головите беа Менсалао кој постигна евро-гол, и Марушиќ.