Работнички денеска одигра 1:1 на “Медулин Купот 2024“ против составот на Тичи, инаку полски второлигаш. Тимот на Гоце Седлоски поведе со голот во 33.минута на Влатко Стојановски и така беше се до 75.минута кога протвникот успеал да израмни и да остане непоразен.
Инаку ова беше трет меч пријателски меч за Работнички на подготовките во Медулин (Хрватска) и второ реми.
Совладан беше Карловац, а против Младост ДГ и Тичи, момците на Седлоски ремизираа.