ТФТ Скопје во меч од 10.коло во АБА 2, денеска во Нови Сад успеа да го победи Шенчур со 85:77.
Целосно и апсолутно заслужено нашиот претставник во ова натпреварување дојде до победата, втора сезонава и секако стратегот Боро Смилковски мора да биде задоволен зошто неговите момци одиграа квалитетно, онака како што треба.
Уште на почетокот ТФТ Скопје наметна свое темпо, имаше водство од 16:16 па и 18:6. Првата четвртина заврши со водство од 18:12. Во вториот период тимот од Словенија како да се стабилизира, и на пауза се замина со водство на ТФТ Скопје со 37:33.
Затоа во третата четвртина тимот на ТФТ Скопје покажа како треба, едноставно кошот на Шенчур се полнеше во серија, одбраната функцинираше како треба и оваа трета четвртина ТФТ Скопје ја доби со убедливи 27:14.
Со оглед на високот водство, во последниот период ТФТ Скопје како малку да падна,но сепак немаше никакви проблеми на крајот да извојува победа од 85:77.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Калхун со 18 и Ташовски со 16 поени.