Навикнати сме од страна на Шкупи, еден од најголемите наши клубови да доаѓаат чудни реакции, чудни сооппштенија.
Па така и денеска на официјалниот ФБ профил, раководството на Шкупи со реакција или соопштение на кое не објаснува или не кажува за што всушност станува збор.
Ви ја пренесуваме реакцијата:
“До ден денес не сте му користеле на нашиот клуб. Вие постоевте благодарение на овој клуб. Купивте она што го сакавте и продадевте она што сакавте да го продадете. Но, сега тргнете ги рацете, нашето трпение има граница, а ние сме на крајот од оваа граница. Овој оган ќе ве изгори сите, ви го повторуваме нашиот совет, тргнете ги рацете од FC Shkupi.“