Барса славеше во Алавес, Витор Рике пак даде гол, a на чуден начин доби црвен картон

764

Барселона ја забележа втората победа по ред, односно 15-та во Ла Лига. Вечерва во 23 коло славеше со 3:1 на гости кај Алавес, а повторно централна улога беше новото засилување Витор Роке.
Минатото коло стрелаше за победа над Осасуна со 1:0, а вечерва повторно постигна гол но исто така доби и црвен картон.
Резултатот го отвори Левандовски во 22 минута, зголеми Гундоган во 49 минута од пенал. Во меѓувреме Омородион намали, а Роке во 63 минута погоди за 3:1.
Од 67 до 72 минута Витор Роке ги загуби нервите, прво доби жолт картон поради удар со лакт, а потоа уште еден поради остар старт кој, реално, не постоеше (види видео). Навивачите негодуваа на оваа судиска одлука, а по мечот тренерот Чави изјави дека ќе се жалат за картонот на 18-годишниот Бразилец за кој смета дека е неоправдано покажан.
Барса сепак победи и стигна до 50 бода на трето место на табелата.

ПретходноЛуд меч на КАН: БС Коска во 90 минута се спаси од елиминација, а во 120 минута погоди за полуфинале
СледноЛудост: Фенербахче должи 350 милиони евра, а купува играчи како да е најбогат клуб во светот!