Болоња од 1:2, до 4:2 и прва победа во 2024 година

139

Екипата на Болоња запиша важна победа во дуелот со Сасуоло на „Ренато дал’Ара“ во Серија А. Со новите три бода се искачи на четвртото место на табелата што значи дека шансите за излез во ЛШ засега се големи. Без тренерот Тијаго Мота кој беше на трибини успеа да ја впише првата победа во 2024 година.

Болоња имаше негатива на полувреме (1:2), но во второто полувреме се врати. Изедначи Фабијан, па Фергусон и Салемакерс режираа пресврт и голема победа.
Болоња е на четвртото место на табелата со исто бодови колку и Аталанта.

ПретходноЧави за контроверзното исклучување на Роке: Не коментирам, погледнете ја снимката
СледноЏирона испушти поени, црвен картон за тренерот, Реал со шанса да избега на +4