Во пресрет на дербито за Мадрид: Дон Карло со големи проблеми!

144

Утре на “Сантијаго Бернабеу“ во меч од 23.коло во Ла Лига силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Тоа ќе биде и битка за главниот град на Шпанија.

Сепак Карло Анчелоти си има големи проблеми. Тој ќе мора да најде начин кој да му игра во одбраната, ако се знае дека сега и Ридигер е надвор од стројот. Познато е дека одамна во аут се Куртоа, Едер Милитао и Давид Алаба.

Па така медиумите во Шпанија известуваат дека утре стартната одбрана на Реал Мадрид ќе биде составена од стоперскиот тандем Начо – Карвахал, а бекови ќе бидат Васкез и Менди или Фран Гарсија.

ПретходноДва пати го собори рекордот во еден ден: Форфанг скокна неверојатни 155,5 метри во Вилинген!
СледноЛе Паризиен: Мбапе е нов играч на Реал Мадрид!