Лапорта ја објави Суперлигата со 15 клубови, два веќе го демантираа!

1384

На крајот на минатата година, Европскиот суд на правдата одлучи дека ФИФА и УЕФА немаат право да ги казнуваат клубовите кои ќе покренат иницијатива за формирање Супер-лига. Тој проект е исклучително привлечен за Барселона и Реал Мадрид, чии челници би сакале да го реализираат што е можно поскоро.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека Суперлигата наскоро ќе стане реалност во каталонското радио RAC1:

„Ако Суперлигата не започне следната сезона, ќе започне во 2025 година. Секој клуб би добил по 100 милиони евра бонус, тоа се пари што не можете да ги заработите ниту со освојување на Лигата на шампионите. Кој ќе игра? Има 16 или 18 клубови, меѓу нив Барселона, Реал, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, Андерлехт, Клуб Бриж, Ајакс, Феенорд и ПСВ“.

Тој додаде дека не му е грижа ако англиските клубови ја отфрлат идејата:

„Не ми е гајле дали Англичаните се приклучат, нивната Премиер-лига сепак може да се смета за Суперлига. Ќе се натпреваруваме со нив, можеби во одреден момент тие ќе одлучи да ни се придружи“.

Сепак, набрзо пристигнаа деманти од клубовите кои Лапорта ги наведе како сојузници. Рома прва се огласи:

„Како што кажавме јавно неколку часа по пресудата на Европскиот суд на правдата, АС Рома потврдува дека не ја поддржува Суперлигата и дека нема шанси да се приклучи на проектот. Клубот никогаш не го промени својот став по ова прашање“.

По Италијанците се огласи и Феенорд:

„Изненадени сме од написите во меѓународните медиуми дека клубот се согласил да учествува во таканаречената Супер-лига. Ова е тотална глупост“, а на сличен став наводно е и Ајакс, кој , како што пренесуваат холандските медиуми, велат дека се „изненадени од неоправданите тврдења и дека никогаш не разговарале со Лапорта, а камоли да се договорат за ново натпреварување“.

ПретходноФјури по откажувањето на мечот на векот: Целосно сум уништен!
СледноСузука останува во календарот на Формула 1