Лудило на “Сент Џејмс Парк“: Њукасл – Лутон 4:4, Брајтон го “скрши“ Кристал Палас….

105

Уште еден фантастичен фудбалски натпревар во Премиерлигата. Меч за уживање, меч кој фановите долго, долго ќе го паметат. Попладнево на “Сент Џејмс Парк“ Њукасл и Лутон одиграа 4:4, но со шанси за уште некој гол, за победа за едната или другата екипа.

Домашните поведоа со 1:0 со голот на Лонгстаф во 7.минута, следуваше голот на Ошо во 21.минута за 1:1. Лонгстаф уште еднаш стрела за ново водство од 2:1 во таа 23.минута. Во 40.минута Баркли израмни на 2:2, резултат со кој се замина на пауза.

Блескаво второ полувреме. Лутон поведе со 2:3 со голот на Морис во 59.минута, а на 2:4 зголеми Адебајо во 62.минута.

Њукасл не се предаде, па така со головите на Трипие и Барнс, во 67.минута и во 73.минута успеа да израмни на 4:4.

Брајтон со убедливи 4:1 го “скрши“ Кристал Палас а Барнли и Фулам одиграа 2:2, иако гостите водеа со 0:2 а Фофана во 90+1.минута му донесе бод на својот тим.

ПретходноБаерн со пресврт до триумф, Леверкузен си гази, Елези ќе почека на дебито за Бохум! (ВИДЕО)
СледноДва пати го собори рекордот во еден ден: Форфанг скокна неверојатни 155,5 метри во Вилинген!