Неверојатна вест доаѓа од градот на Босфор. Имено Фенербахче, екс клубот на Елиф Елмас должел дури 350 милиони евера или поточно 347. 618.000 евра. Ништо чудно, речиси секој клуб во светот има долгови, инаку оваа вест на „Х“ ја пренесе највлијателниот турски новинар Јагиз Сабинчоглу.
Но чудно е тоа што раководството на Фенер, односно газдата на клубот Али Коч, и тоа како се расфла со парите. Потрошени се тешки милиони во последните два преодни рока се со цел по цели 10 години да се освои титулата.
Еве кои се играчите кои во летниот и зимскиот преоден рок потпипшаа за гигантот од Истанбул:
Един Џеко, Душан Тадиќ, Доминик Ливаковиќ, Фред, Џенгиз Ундер, Рајан Кент, Леонардо Бонучи, Раде Круниќ и други.
Неверојатно…