Луд меч на КАН: БС Коска во 90 минута се спаси од елиминација, а во 120 минута погоди за полуфинале

115

Неверојатен меч одиграа БС Коска и Мали во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Репрезентацијата на БС Коска, која е домаќин на турнирот, избори полуфинале откако прво се спаси од елиминација со гол во 90 минута, а во последната минута од продолженијата погоди за победа.

Играчите на Мали не реализираа пенал. Поточно промаши Траоре во 16 минута. БС Коска од 43 минута играше со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Косону.
Мали поведе со фантастичниот погодок на Нене Доржелес во 71 минута. Фудбалерот на Салцбург со шут од голема далечина ја „скина“ пајажината на голот на противникот.


Следуваше притисок на БС Коска, најсериозната шанса ја имаше Диаките во 83 минута чиј удар со глава заврши покрајголот. Во 90 минута Адингра успеа да погоди за 1:1.
Се играа продолженија, домашниот напаѓач Себастијан Але ја погоди пречката, па се дојде до 120 минута и возбудувања на трибините. Кога сите се спремаа за пенали, топката успеа да го најде патот до мрежата по шутот на Диаките меѓу нозете на неколку играчи пред голот на Мали.
Еуфорија на трибините, радост за домашните, тага за гостите. Судијата покажа и два црвени картони. Еден за стрелецот на голот Диаките поради неспортско однесување, а и на Траоре од Мали.
Нивниот противник во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот Зеленортски острови и Јужна Африка.

ПретходноАкадемија ФМП имаше сили за едно полувреме против Чаир
СледноБарса славеше во Алавес, Витор Рике пак даде гол, a на чуден начин доби црвен картон