Пријателски: Вардар со победа во Анталија, комбинираниот Силекс со реми, Воска одигра 2:2 против Рудар Плевља

931

Трет меч и прва победа на Вардар на подготовките во Анталија. Ова беше и прв триумф на новиот стратег на вардарци Горазд Михаилов. Нашиот најтрофеен клуб денеска славеше против составот на Металург Бекабад од Узбекистан со 2:0. Стрелци на головите беа Ристовски во 16. и Лемос во 43.минута.

May be an image of text that says 'SINGE1945 стартни 11 87 гачевски 77 брдаровски 18 мишковски 25 гурковски зглишик 20 николовски 23 дурански 97 лемос 10 алтипармаковски 7 ристовски 9 омерагик 2024 0OCCN � fkvardar'

Силекс кој настапи во комбиниран состав, шанса добија оние играчи кои досега немаа поголема минутажа, денеска во Охри одигра 2:2 против тимот на Поградец, второлигаш од Албанија. Кратовци со головите на Масевски и Манасиевски имаа водство од 2:0, но сепак на крајот не успеаја да слават победа.

Воска на својата втора контрола во Ц. Гора, одигра 2:2 против тимот на Рудар Плевља. Срелци на головите беа Менсалао кој постигна евро-гол, и Марушиќ.

ПретходноДрама на “Гудисон“: Тотенхем во 90+4.минута испушти победа! (ВИДЕО)
СледноУште еден шок за Ливерпул: Салах ќе ја прифати понудата на Ал Хилал вредна 300 милиони евра!