Работнички е во налет, преку „црвено-црните“ до шеста победа во низа (ФОТО)

120

Работнички ја оправда улога на фаворит против Вардар, на домашен терен го совлада со убедливи 101-58 во рамките на 16-то коло во Првата лига. Најтрофејниот кошаркарски колектив има шест победи во низа, и пред комплетирањето на ова коло ќе застане на лидерското место, но нема да се задржи долго.

Работнички името на победникот го реши по само една четвртина, отвори со 12-0. Првиот период го доби со 28-9, а веќе на одморот замина со водство од 28 поени (55-27). Сето ова беше доволно за нова победа и лесна завршница.

Горан Самарџиев им даде шанса на сите кошаркари кои се најдоа на клупата, и сите се запишаа во листата на стрелци. Трис со 18 поени беше прв стрелец, Џелетовиќ имаше дабл-дабл од 13 поени и 10 скока, 13 поени запиша и Декоски. На другата страна Бајрам имаше 12 поени, Митков 11.

ПретходноКатар и Иран се полуфиналисти на Купот на Азија
СледноМилан со пресврт славеше над Фросиноне, Јовиќ во улога на спасител (видео)