Реми за Алкалоид на последната контрола во Стара Пазова

246

Македонскиот вицепрвак, Алкалоид со пријателски натпревар ги затвори подготовките во Стара Пазова. Денеска избраниците на Кирил Лазаров одиграа без победник против српскиот суперлигаш, Југовиќ (35-35).

На дуелот предводникот на македонскиот вицепрвак не сметаше на услугите на Митев, Велковски, Трајковски и Маркоски, кои одлучи да ги одмори.

Алкалоид претходно имаше две силни контроли против Нексе, на првата славеше со 29-27, додека на втората беше поразен со 29-30.

Алкалоид се враќа во Скопје, каде ќе ги доработи подготовките за продолжение на сезоната во која ќе игра во плеј-офот и во Купот на Македонија.

ПретходноИбрахимовиќ му ја „крои“ судбината на Пиоли зад грб
СледноАтанасов: Тимска победа – нема да издвојувам поединци!