Тен Хаг ги смирува страстите: Пеколот низ кој минува фудбалерот е тешко да се опише!

1600

Играчот од средниот ред Мејсон Маунт (25) летово дојде во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Челзи, но засега е далеку од сите најави, барем според прикажаното на теренот.

Маунт оваа сезона одигра вкупно 12 натпревари за Јунајтед и забележа само една асистенција. Мизерна статистика за момче кое беше платено 64 милиони фунти и требаше да биде важен дел во тимот.

Тешко е да се каже дали притисокот си го направил своето или не.

Маунт имаше неколку тешки периоди зад себе, а се беше зачинето со повредата со која се справува од крајот на ноември минатата година, но повторно, тешко е да се избега од впечатокот дека и кога беше здрав играше лоши игри.

За целата состојба на овој играч од средниот ред проговори и Ерик Тен Хег, менаџерот на Јунајтед.

„Имаше големи очекувања и јас секогаш ќе бидам со него. Сигурни сме дека тој е важен играч за нас. Мораме да одиме чекор по чекор. Прво треба да му дадеме поддршка бидејќи се враќа од незгодна повреда. Не можеме да очекуваме многу веднаш”, изјави Тен Хаг. 

Маунт оваа сезона двапати се здоби со повреди. Првата го одвои од теренот на еден месец, а вториот на четири месеци.

И периодот кога беше во игра и подготвен се виде дека игра под притисок.

Маунт и Јунајтед имаат договор до 2028 година, а Тен Хег има целосна доверба и е сигурен дека Маунт ќе се врати посилен и посилен.

ПретходноНезапирливиот Јокиќ одигра меч каков што НБА нема видено од 1968 година (ВИДЕО)
СледноФјури по откажувањето на мечот на векот: Целосно сум уништен!