Барселона го совлада Алавес со 3:1, а по мечот тренерот Чави зборуваше за контроверзното исклучување на Витор Роке, посебно начинот на кој е добиен вториот жолт картон поради кој неговиот тим остана со играч помалку.
Во дуел со играч на Алавес, Витор проба да избегне удар во глуждот, а судијата му покажа жолт картон бидејќи му беше втор му покажа и црвен. По мечот судијата објасни дека Роке е исклучен поради удар со стапалото на ногата на противнички играч.
Таа одлука предизвика протест на играчите на Барселона и тренерот Чави.
„Нема да коментирам повеќе. Се се гледа на снимката. Погледнете ја само. Нема да зборувам повеќе за судиите затоа што плаќаме за случајот Негреира. Веќе нема да зборувам за судењето, но барам само една работа – оставете да играме фудбал, да се натпреваруваме“, изјави Чави кој додаде дека од клубот ќе се жалат на црвениот картон и ќе бараат од Ла Лига тој да биде поништен.
Vitor Roque red card! Is the decision correct?pic.twitter.com/twA0o6AxbF
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 3, 2024