Баер со рекордни 29 меча без пораз, идното коло на мегдан со Баерн

74

Баер Леверкузен славеше со 2:0 на гости кај Дармштат со што постави нов клупски рекорд од 29 натпревари без пораз. Леверкузен, предводен од Чаби Алонсо, се уште е без пораз во сите конкуренции. Нивниот скор е 25 победи и четири нерешени и гол разлика од 87:20.
Во Бундес лигата има 16 победи и четири нерешени со 52 бода со што се собрани повеќе поени од целата претходна сезона (50). Само Баерн во 2013/14 (56) и во 2015/16 (53) собрале повеќе поени по 20 кола во бундеслигашката историја.
А идната недела ќе гледаме спектакл, дерби на „Бај арената“ затоа што се среќаваат Леверкузен и Баерн Минхен. Најтрофејниот кој е второпласиран со 50 бодови ќе се обиде да ги симне „фармацевтите“ од врвот.
А пред тоа, во среда Баер ќе го игра четвртфиналниот дуел од Купот на Германија против Штутгарт.
Инаку, Баер никогаш ја нема освоено титулата. Пет пати бил вицешампион, а последен пат во сезоната 2010/11.

ПретходноМилан со пресврт славеше над Фросиноне, Јовиќ во улога на спасител (видео)
СледноАкадемија ФМП имаше сили за едно полувреме против Чаир