“Има понуда и би бил луд ако не прифати да биде наследникот на Клоп“!

2932

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека по завршување на сезоната Јирген Клип ќе си замине од Ливерпул. Германецот тоа јавно го кажа, и секако дека ќе остане икона за сите фанови на “Редси“.

Па така сега до јуни раководството на Ливерпул ќе мора да пронајде адекватна замена, а голем дел од фановите го посакуваат Чаби Алонсо, некогашен член на Ливерпул, дел од таа генерација која во 2005 година во Истанбул ја освои титулата во ЛШ.

За тоа какви се шансите и дали Шпанецот би прифатил да биде наследникот на Клоп, посебно ако се знае дека тој со Леверкузен прави чуда оваа сезона, свој коментар има новинарот на „Атлетик“ Рафаел Хонигштајн:

Мислам дека сите во Леверкузен се свесни дека нема долго да го имаат Чаби Алонсо. Знам дека има понуда од Ливерпул и тие нема да му прават никакви проблеми. Се разбира дека Чаби има договор со Леверкузен, но сметам дека нема да има никакви проблеми тој да си замине и да се пресели на „Енфилд“. Да кажам и тоа дека тој би бил луд ако не прифати да биде наследникот на Јирген Клоп“.

ПретходноРаботнички со реми против полскиот Тичи!
СледноБаерн со пресврт до триумф, Леверкузен си гази, Елези ќе почека на дебито за Бохум! (ВИДЕО)