Ле Паризиен: Мбапе е нов играч на Реал Мадрид!

2221

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одлучил да потпише за Реал Мадрид, објави францускиот весник „Ле Паризиен“. Мбапе во најтрофејниот европски клуб ќе дојде како слободен фудбалер кога ќе му истече договорот со ПСЖ на крајот на сезоната.
„Ле Паризиен“ пренесува дека во Реал ќе прима плата од 15 милиони евра на годишно ниво, а ќе располага со 60 отсто од своите авторски права што претставува преседан затоа што Реал на никого не му дозволил такво нешто.
Инаку Мбапе во ПСЖ дојде во 2018 година кога францускиот првак плати 180 милиони евра на Монако. Шест пати беше шампион на Франција.

ПретходноВо пресрет на дербито за Мадрид: Дон Карло со големи проблеми!
СледноКатар и Иран се полуфиналисти на Купот на Азија