Незапирливиот Јокиќ одигра меч каков што НБА нема видено од 1968 година (ВИДЕО)

14043

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Портланд со 120:108 во натпревар во кој доминираше Никола Јокиќ. Српскиот центар на Нагетс го предводеше својот тим до победа со уште еден трипл-дабл и учинок кој последен пат во НБА е забележан во 1968 година.

Јокиќ застана на учинокот од 27 поени (шут од 11/16), 22 скока и 12 асистенции против Блејзерс. Вакви бројки пред него постигнале само двајца кошаркари во историјата на НБА. Елгин Бејлор беше првиот што го направи тоа во 1961 година, а потоа го повтори 12 пати. Последната партија беше во 1968 година.

Ова беше 15-ти трипл-дабл за Јокиќ сезонава и 120-ти во кариерата. Тој беше втор и во оваа натпреварувачка година со минимални 20 поени, 20 скока и 10 асистенции. Тој успеа пред четвртата четвртина.

Заедно со Јокиќ на овој натпревар се истакна Арон Гордон со 18 поени и пет асистенции. Хендерсон со 30 поени и Симонс со 29 поени беа најдобри кај Блејзерси.

Детроит – ЛА Клиперс 125:136
Вашингтон – Мајами 102:110
Атланта – Феникс 129:120
Индијана – Сакраменто 122:13
Хјустон – Торонто 135:106
Мемфис – Голден Стејт 101:121
Минесота – Орландо 106:108
Оклахома – Шарлот 126:106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:114
Денвер – Портланд 120:108

ПретходноФјури ја откажа борбата со Усик, Хрватот Хрговиќ влегува како „замена“?
СледноТен Хаг ги смирува страстите: Пеколот низ кој минува фудбалерот е тешко да се опише!