Македонскиот вицепрвак, Алкалоид со пријателски натпревар ги затвори подготовките во Стара Пазова. Денеска избраниците на Кирил Лазаров одиграа без победник против српскиот суперлигаш, Југовиќ (35-35).
На дуелот предводникот на македонскиот вицепрвак не сметаше на услугите на Митев, Велковски, Трајковски и Маркоски, кои одлучи да ги одмори.
Алкалоид претходно имаше две силни контроли против Нексе, на првата славеше со 29-27, додека на втората беше поразен со 29-30.
Алкалоид се враќа во Скопје, каде ќе ги доработи подготовките за продолжение на сезоната во која ќе игра во плеј-офот и во Купот на Македонија.