Сузука останува во календарот на Формула 1

47

Трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука ќе остане во календарот на Формула 1 најмалку до 2029 година, објавија организаторите.

Договорот што ја врзува Формула 1 со легендарната патека, една од омилените на возачите, требаше да истече во 2024 година, но беше продолжен за уште пет години.

„Сузука е дел од структурата на спортот, па јас сум воодушевен што ќе остане во Формула 1 најмалку до 2029 година“, изјави претседателот на Формула 1 и извршен директор Стефано Доменикали.

Патеката Сузука беше домаќин на Формула 1 за прв пат во 1987 година и оттогаш се здоби со легендарен статус во спортот.

Овогодинешното Јапонско ГП ќе се вози порано од вообичаеното, во април, помеѓу трките во Австралија и Кина, наместо во есен како и обично.

ПретходноЛапорта ја објави Суперлигата со 15 клубови, два веќе го демантираа!
СледноЛа Лига ангажираше професионалец кој ќе одлучи за казната за Белингем!