Хамилтон ќе вози за Ферари до 2027 и ќе заработи 200 милиони евра!

164

Вистински земјотрес во светот на спортот, а посебно во Формула 1 предизвика  информацијата дека Луис Хамилтон направи трансфер од Мерцедес во Ферари и дека во 2025 ќе вози за овој италијански тим.

Сега се е познато, сега се е готово. Сите страни објавија дека има договор и дека седумкратниот некогашен светски првак во сезоната 2024 што е пред нас за последен пат ќе вози за Мерцедес.

Сепак некои детали не се познати, а тие се…

Хамилтон со Ферари има договор на 2+1, тоа значи дека ќе биде член на овој тим до 2027 година и дека ќе заработи најмалку 200 милиони евра ако се знае дека тој за една сезона ќе заработува, како член на Ферари, и до 70 милиони евра. По завршување на сезоната 2027 ќе се види што и како, а тогаш Британецот ќе има полни 42 години.

ПретходноТФТ Скопје го “реши“ Шенчур за втора победа сезонава во АБА 2!
СледноШкупи со уште едно чудно соопштение: Овој оган ќе ве изгори сите, тргнете ги рацете од Шкупи!