Аталанта незапирлива, го преслуша и Лацио (ВИДЕО)

102

Фудбалерите на Аталанта го совладаа Лацио со 3:1 во натпреварот од 23. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф, Аталанта ја оствари третата последователна победа во првенството и моментално се наоѓа на четвртата позиција, која води директно во Лигата на шампионите следната сезона.

Аталанта блескаше во Бергамо и поведе во 16. минута со голот на Марио Пашалиќ. Домашните две минути пред крајот на првото полувреме го удвоија водствотосо голот на Де Кетеларе од пенал.

Де Кетеларе својата одлична партија вечерва ја круниса со својот втор гол во 76. минута. Гостите до крајот само го ублажија поразот со голот на Чиро Имобиле на шест минути пред крајот од белата точка.

ПретходноАлисон го „честеше“ Арсенал, Ливерпул со втор сезонски пораз (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје ја доби драмата со Војводина за перфекција во Нови Сад (ФОТО)