Во јануари 2014 година, тогаш 18-годишниот дефанзивец на Зенит, Максим Карпов даде изјава со која јасно кажува дека Спартак Москва му е најомразен тим и никогаш не би сакал да игра за нив. А токму тоа се случи – сега е нивни член.
Ако добиеш понуда од Спартак Москва, дали ќе одиш таму?
„Никако. Среќен сум со тоа што го имам. Подобро да се родам девојче отколку да играм за Спартак“, изјави тогаш Карпов.
Десет години подоцна, Карпов е капитен на вториот тим на Спартак. Дефанзивецот не разви кариера каква што посакуваше, дебитираше за Зенит на дуелот со Вардар во Лига Европа кога Роберто Манчини беше тренер. Но не ги оправда очекувањата, па играше како позајмуван во Ротор, СКА Хабаровск, па за Крилја, Звезда од Ст.Петербург, а сега е во Спартак како капитен на вториот тим.
Каква иронија на судбината!
ИЗВОР: Sport.ru