Дерби меч во ВТБ лигата. УНИКС Казан предводен од Ненад Димитријевиќ на паркетот го совлада ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ со 83:73 и тоа во Москва. Клучен момент беше третата четвртина во која УНИКС имаше убава предност која ја одржа и во финишот.
Ненад Димитријевиќ постигна 17 поени (10 во првото полувреме) за вкупно 33 и пол минути на паркетот, а неговиот соиграч Дмитри Кулагин имаше партија на кариерата со 27 поени.
УНИКС е втор на табелата со 20 победи и шест порази, а ЦСКА остана прва со 22 победи и четири порази.