Египетскиот фудбалски сојуз (ЕФА) го отпушти Руи Виторија од функцијата селектор на националниот тим, откако Египет беше елиминиран во 1/8-финалето на Африканскиот куп на нации од репрезентацијата на ДР Конго (1:1 и 7:8 на пенали).
„Управниот одбор на асоцијацијата, по состанокот на кој се разговараше за настапот на тимот на Купот на Африканските нации, одлучи да се раздели со португалскиот стручњак и неговите помошници. Мохамед Јусеф ќе го предводи националниот тим привремено, а започната е потрагата по странски стратег кој ќе ја преземе функцијата“, потврдија од федерацијата.