Лука Дончиќ игра навистина добро иако ќе наполни 39 години. Токму затоа тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има голема мака кога е во прашање почетниот состав. Не го гледа Хрватот во првите 11, па има проблем кога ќе дојде време да му соопшти дека треба да остане на клупата.
Тој во изминатите 12 години направи многу за „кралевите“, слободно може да се каже дека стана икона на тимот. Анчелоти има меко срце кога станува збор за ваква играчка легенда.
„Лука Модриќ на клупата? Многу е тешко да се остави таква легенда на клупата. Само можам да му се заблагодарам за се што направи за клубот. Многу ми е тешко кога треба да му соопштам дека ќе остане на клупата, тоа ме погодува“, рече Анчелоти.
Од 2012 година, Модриќ одигра 514 мечеви за Реал, има учинок од 38 голови и 83 асистенции, освои 24 трофеи.
Дали ќе остане се уште не е познато.