Пензионерот Нил Ворнок ќе му биде тренер на Миовски!?

263

Шкотскиот премиерлигаш Абердин е во потрага по нов тренер по отказот на Бери Робсон. Тимот за кој игра и Бојан Миовски бара тренер кој ќе ја подобри ситуацијата во екипата, а во потесниот избор е и ветеранот на британскиот фудбал Нил Ворнок, пренесува Скај спортс.

Тренерот кој има 75 години, во февруари минатата година се врати од пензија за да му помогне на Хадерсфилд и го напушти на крајот на септември, е на списокот на кандидати за привремен менаџер на Абердин до крајот на сезоната. Ворнок во кариерата водеше бројни англиски и велшки клубови, а меѓу попознатите се Лидс Јунајтед, Кристал Палас, КПР, Кардиф, Олдам, Мидлсбро, Плимут…

Другите кандидати се Нил Ленон, Џек Рос и Алекс Нил. Во саботата против Селтик (1:1) тимот го предводеше Питер Левен.

Абердин е на осмото место на табелата, два бода од топ 6.

 

ПретходноЃоковиќ за малку ќе добиел луда понуда од Милан
СледноВулверхемптон по 45 години победи на „Стемфорд Бриџ“, му даде четири гола на Челзи