Работнички почна со победа, Струмица и Штип без проблеми

106

Одбојкарите на Работнички тргнаа со голема победа на гостувањето кај Лирија во премиерното пролетно коло од плеј-оф делот во Првата лига во машка конкуренција. Во најинтересниот меч во првото коло од Втората фаза на натпреварувањето во кое се вклучени шесте најдобри состави од првиот дел од сезоната, Работнички засилен покажа дека сериозно ќе конкурира за место во завршното разигрување.

Струмица немаше проблеми со Весна Пробиштип, додека Универзитет во Тетово успеа да освои само сет на гостувањето во Штип.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (ПЛЕЈ-ОФ), 1-во коло

Струмица 47&72 – Весна Пробиштип            3:0 (25:21, 25:14, 25:15)

Штип УГД – Универзитет во Тетово               3:1 (25:19, 25:15, 21:25, 25:21)

Лирија – Работнички 71&22                           1:3 (16:25, 23:25, 25:12, 22:25)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (36); 2. Штип УДГ (30); 3. Работнички 71&22 (27); 4. Лирија (25); 5. Весна Пробиштип (21); 6. Универзитет во Тетово (21).

ПретходноХамилтон проговори за прв пат по преселбата во Ферари: Мојот сон се оствари!
Следно„Биковите“, конечно, победија, Елмас повторно влезе од клупа