Денеска во француски Шамони на програмата беше слаломската трка кај мажите во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.
Швајцарскиот скијач Даниел Јул испиша историја како најголем скок во втората рунда, од 30-место по првото возење до победа во второто. Сонародникот Лоик Мелард се спремаше да се искачи на највисокото скалило на подиумот, кога Јул извозе перфектно и успеа да собере доволно поени за да избие пред него. Мелард заврши втор, а трет Клемен Ноел од Франција кој патем беше најдобар во првата трка.