Сопственикот на Милан, Џери Кардинале имал „луда“ идеја во стручниот штаб на првиот тим да го постави и Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот. Како што пишува „Ла Република“, пред три месеци Кардинале размислувал Новак да помогне на екипата така што ќе биде ангажиран за менталната и психолошката состојба на фудбалерите. Тој сметал дека српскиот тенисер можел да помогне со тоа што ќе биде во близок контакт со играчите, кои во тоа време се мачеле, со тоа што ќе им подели совети со здрава исхрана, мотивација, подобро заздравување и позитивни мисли.
Весникот наведува дека, сепак, Ѓоковиќ не разговарал со Кардинале околу оваа улога туку само дека првиот човек на Милан имал таква идеја за да им помогне на играчите затоа што на тимот не му одеше добро.
According to La Repubblica newspaper, Milan owner Gerry Cardinale considered hiring tennis star Novak Djokovic as the Rossoneri’s mental coach three months ago. https://t.co/0vfGGSQVju #Cardinale #Djokovic #ACMilan #Milan #SerieA
— Football Italia (@footballitalia) February 4, 2024