Алисон го „честеше“ Арсенал, Ливерпул со втор сезонски пораз (ВИДЕО)

317

Очајната реакција на двоецот Ван Дајк-Алисон во 67. минута на „Емирати“ го најави вториот сезонски пораз за лидерот во Премиерлигата, екипата на Ливерпул. Алисон со една сосема непотребна реакција го „честеше“ домаќинот гол за водство од 2:1 и се чини му пресуди на својот тим во битката да остане непоразен во Лондон.

Арсенал мечот го почна со повеќе желба за победа и тоа некако се одрази на играта и шансите уште во првиот дел. Голот за водство на домашните стигна по една одлична полуконтра во 14. минута, кога Сака беше само егзекутор за водство на „топчиите“ од 1:0 (ВИДЕО).

Ливерпул, среќно, во завршницата на првото полувреме израмни, благодарение на автоголот на Габриел (ВИДЕО), но тоа очигледно не ги поремети плановите на момците на Артета. Во 67. минута се случи катастрофалната грешка на Алисон која Мартинели ја претвори во водство од 2:1 (ВИДЕО), а по црвениот картон на Конате во 87. минута, Тросар ја запечати победата на домашните со голот во 92. минута (ВИДЕО).

Со оваа победа Арсенал дојде на минус два зад Ливерпул, а Манчестер Сити сега со две победи на следните два меча може да избие на првото место на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

Претходно„Биковите“, конечно, победија, Елмас повторно влезе од клупа
СледноАталанта незапирлива, го преслуша и Лацио (ВИДЕО)