Фудбалерите на Аталанта го совладаа Лацио со 3:1 во натпреварот од 23. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф, Аталанта ја оствари третата последователна победа во првенството и моментално се наоѓа на четвртата позиција, која води директно во Лигата на шампионите следната сезона.
Аталанта блескаше во Бергамо и поведе во 16. минута со голот на Марио Пашалиќ. Домашните две минути пред крајот на првото полувреме го удвоија водствотосо голот на Де Кетеларе од пенал.
Де Кетеларе својата одлична партија вечерва ја круниса со својот втор гол во 76. минута. Гостите до крајот само го ублажија поразот со голот на Чиро Имобиле на шест минути пред крајот од белата точка.