Атанасов: Го сочувавме најдоброто за крај!

191

МЗТ Скопје со победа се одјави од „балонот“ во Нови Сад. Актуелниот македонски првак го совлада домаќинот со 89-84 и дојде до седмиот триумф во АБА2-лига. Тренерот на „сино-белите“ беше задоволен по мечот, особено што неговите момци по падот во третата четвртина се исправија во последниот период, поточно во решавачките минути и дојдоа до бодовите.

„Благодарност до публиката за аплаузот кој ни го даде на крајот. МЗТ Скопје го одигра најдоброт меч во Нови Сад, го сочувавме најдоброто за крајот. На другата страна игравме против еден многу добар тим, кој има млад тренер, им посакувам се најдобро“, рече Васко Атанасов.

МЗТ Скопје има 17 бодови, исто колку и третопласираната Војводина и четвртопласираниот тим на Широки Бријег.

ПретходноМЗТ Скопје ја доби драмата со Војводина за перфекција во Нови Сад (ФОТО)
СледноПелистер го закажа дербито со Вардар за 10. февруари!