„Биковите“, конечно, победија, Елмас повторно влезе од клупа

1709

По серијата од три порази и четири меча без победа, РБ Лајпциг конечно, денеска го оствари првиот триумф. На домашен терен „биковите“ со 2:0 славеа над екипата на Унион Берлин и ја освари 11-тата победа сезонава со која повторно се одржува меѓу петте најдобри тимови во Бундеслигата.

Ништо не се промени, пак, кај статусот на нашиот Елиф Елмас. Тој и денеска мечот го почна на клупата за резерви, а шанса доби само во последните 15-тина минути од средбата. Очигледно е дека тренерот Розе се уште нема потполна доверба во Елмас за да му даде шанса како стартер.

Головите за победа на РБ Лајпциг ги постигнаа Опенда и Шешко.

ПретходноРаботнички почна со победа, Струмица и Штип без проблеми
СледноАлисон го „честеше“ Арсенал, Ливерпул со втор сезонски пораз (ВИДЕО)