Со одличен скок во втората серија, Германецот Андреас Велингер победи на скокалницата во Вилинген, пред своја публика, во ракимте на Светскиот куп во скијачки скокови.
Велингер во вториот скок прелета и до 149 метри и од седмата позиција по првата серија стигна до триумф.
Јапонецот Риоју Кобајаши заврши на второто место, со два бода помалку од Германецот. Неговите скокови беа 144,5 и 146 метри.
Швајцарецот Грегор Дешванден со 231,8 поени на крајот заврши како трет.
Во генералниот пласман води Австриецот Штефан Крафт со 1129 бодови.