Вечерва е Дербито на Италија – влогот е „Скудетото“

141

Вечерва (20:45 часот) ќе гледаме супер дерби на Италија, помеѓу Интер и Јувентус, двата најголеми ривали за „Скудетото“ оваа сезона во Серија А. Со триумф „нероаѕурите“ ќе направат голем исчекор по трката по титулата, додека Јувентус може максимално да ја отвори трката за трофејот во која збор може да каже и Милан кој почна да го враќа сјајот по бавниот почеток.

На табелата Интер е прв со 54 бода (по 21 меч), а Јувентус е втор со 53 бода (по 22 меча), Милан е трет со 49 бода (23 меча). „Старата дама“ можеше да биде и прва во пресрет на дербито ако не киксна против Емполи минатото коло (0:0). Местото на вечерашното дерби е „Џузепе Меаца“.

Во меѓувреме Интер одигра три тешки натпревари по ред, но ги доби. Прво славеше во Суперкупот против Лацио, па го освои трофејот по победата во финалето над Наполи (во Саудиска Арабија). Потоа триумфираше 1:0 на гости кај Фиорентина.

Во првиот дел од сезоната во Торино, овие два ривали одиграа 1:1. Инаку, минатата сезона „Старата дама“ славеше на „Меаца“ со 1:0 со голот на Филип Костиќ.

ИНТЕР БЕЗ КИЕЗА И РАБИО
Федерико Киеза и Адриен Рабио нема да му бидат на помош на Интер за вечерашниот дуел.

Кај Јувентус вон стројот се Де Шиљо, Фаџоли, Моис Кин, Тијаго Џало е неизвесен затоа што се уште не ја залечил повредата. Милик ќе паузира поради црвен картон.

ПРЕНОС ВО 182 ЗЕМЈИ
Денешното Дерби на Италија ќе влезе во историјата како трето во Серија А кое ќе донесе преку шест милиони евра од продажба на влезници, а ќе биде емитувано во 182 држави.

 

 

ПретходноДимитријевиќ и УНИКС со фантастичен настап до победа над ЦСКА во Москва!
СледноСилекс и Тиквеш одиграа реми во Охрид