Вулверхемптон по 45 години победи на „Стемфорд Бриџ“, му даде четири гола на Челзи

100

Уште едно фијаско на Челзи. По поразот од Ливерпул (4:1) на „Енфилд“ минатото коло, а сега на домашен терен беше нокаутиран од Вулверхемптон. Во 23 коло Челзи е поразен со 2:4 иако поведе со голот на Колин Палмер во 19.минута. Изедначи Матеус Куња во 22 минута, а пред крајот на првото полувреме Дисаси со автогол „волците“ поведоа со 1:2. Во второто полувреме место пресврт, нокаут. Куња со два гола ја потврди победата. Тијаго Силва со удар со глава постигнува гол во финишот и го ублажи поразот.

Вулверхемптон ја бележи првата победа на „Стемфорд Бриџ“ по март 1979 година или после 45 години!

А Манчестер Јунајтед забележа победа од 3:0 над Вест Хем на „Олд Трафорд“. Расмус Хојлунд го прослави 21. роденден со тоа што реализираше гол на овој меч (водечкиот во 23 минута), а притоа стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на четврти меч по ред во Премиер лигата нешто што ни славниот Роналдо не успеал.

Во второто полувреме два гола даде Гарначо и ја заокружи победата.

А Борнмут и Нотингем Форест одиграа 1:1.

 

 

ПретходноПензионерот Нил Ворнок ќе му биде тренер на Миовски!?
СледноНаполи со пресврт ја победи Верона