Екипата на Интер го победи Јувентус со 1:0 во големото Дерби на Италија. Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме откако Федерико Гати си постигна автогол со кој „нероаѕурите“ дојдоа во водство. Ова се покажа како единствениот гол на натпреварот, а со оваа победа Интер се одлепи на 4 бода пред „Старата Дама“ со натпревар помалку.
Интер ја презеде контролата на топката од првите минути, а Јувентус тешко доаѓаше во ситуација да шутира кон противничкиот гол. Самиот факт што тимот на Алегри дури во 72. минута го упати првиот удар кон домашниот гол ја покажува и ситуацијатана теренот.
Интер и на три минути пред истекот на регуларното време преку Марко Арнаутовиќ можеше да стави печат на победата, но тој не успеа да го совлада Шчесни од непосредна близина.