Димитријевиќ и УНИКС со фантастичен настап до победа над ЦСКА во Москва!

101

Дерби меч во ВТБ лигата. УНИКС Казан предводен од Ненад Димитријевиќ на паркетот го совлада ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ со 83:73 и тоа во Москва. Клучен момент беше третата четвртина во која УНИКС имаше убава предност која ја одржа и во финишот.

Ненад Димитријевиќ постигна 17 поени (10 во првото полувреме) за вкупно 33 и пол минути на паркетот, а неговиот соиграч Дмитри Кулагин имаше партија на кариерата со 27 поени.

УНИКС е втор на табелата со 20 победи и шест порази, а ЦСКА остана прва со 22 победи и четири порази.

ПретходноЧудесен настап на Даниел Јул во Шамони – беше 30-ти по првата трка и на крајот победи
СледноВечерва е Дербито на Италија – влогот е „Скудетото“