Лингард прави шокантен трансфер – ќе игра за клуб од Јужна Кореја

139

Англискиот напаѓач Џеси Лингард, конечно, најде клуб. Но не од Европа туку од Далечниот Исток. Англискиот репрезентативец е во потрага по нов клуб по заминувањето од Нотингем Форест на крајот на минатата сезона, а по неколку неуспешни преговори одлучи да замине во Јужна Кореја и тоа во локалниот ФК Сеул со кој ќе потпише двегодишен договор.

Со тоа тој ќе му биде на располагање на шесткратниот корејски шампион во новиот шампионат кој ќе стартува на 1 март. Инаку Сеул нема освоено титула од 2016 година, а минатата сезона заврши на седмото место во регуларниот дел и за бод не успеа да избори пласман во плеј-офот за титулата. Тогаш шампион стана Улсан.

 

ПретходноСилекс и Тиквеш одиграа реми во Охрид
СледноЃоковиќ за малку ќе добиел луда понуда од Милан