Викендов младинска екипа на македонскиот одбојкарски шампион во машка конкуренција, екипата на Струмица, ја започна својата посета на еден од најдобрите одбојкарски клубови во Европа, полскиот Јастржебски.
Младите одбојкари на Струмица беа дел од Академијата на одбојкарски таленти на полскиот клуб. По пристигнувањето со младите надежи на струмичката и македонската одбојка се сретна и претседателот на клубот Адам Гарол, а одбојкарите на струмичкиот состав имаа можност и го проследат големото одбојкарско дерби од првата лига на Полска меѓу Јастржебски и Катовице.
Младинска екипа денеска ги почна настапите и на еден турнир во младинска категорија.